РЕГИОН
Строги мерки во Грција за време на Божиќните празници

Грчката полиција ќе даде посебен акцент на одржување на ограничувачки мерки за време на Божиќ, а секој што ќе ги прекрши ограничувачките мерки ќе плати 300 евра, пренесе агенцијата АНА.
Иако сè уште не е прецизирано што сѐ ќе биде опфатено со ограничувачките мерки, можно е да се затворат метро станиците во Атина, особено станицата Синтагма, каде што се очекува граѓаните да го одбележат раѓањето на Исус.
Конечната одлука за ограничувачките мерки ќе ја даде полицијата, а она што е веќе познато е дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот ќе остане во сила за време на празниците, вклучително и Бадник и новогодишната ноќ.