СПОРТФУДБАЛ

Шкендија и Струга ќе се обидат да остварат нови победи

Денеска на програмата се останатите натпревари од 25. коло во македонската Прва лига, во кое Шкендија и Струга ќе се обидат да остварат нови победи и да ја продолжат битката за титулата.

Advertisements

Шкендија денеска на домашен терен ќе ја пречека Брегалница и нема право на грешка во трката за врвот во шампионатот, откако на претходните три меча тетовскиот тим одигра нерешено.

Струга има голема шанса со триумф против Воска Спорт да му избега на Шкупи на три бодови предност, иако нема да има лесна мисија против еден од кандидатите за испаѓање во понизок ранг. Актуелниот македонски првак оваа сезона двапати ја совлада Воска во лигата, со по 1-0, но ќе го памети и болниот пораз во Купот на Македонија.

Поранешниот македонски шампион Работнички денеска гостува кај Брера Струмица и ќе се обиде да ја прекине црната серија од три порази кои го донесоа до незавидна позиција затоа што се наоѓа само на еден бод од опасната зона во Првата лига. Оваа сезона Работнички е поуспешен од Брера во однос на меѓусебните средби затоа што славеше на вториот меч со 1-0, додека првиот заврши нерешено (0-0).

Македонија Ѓорче Петров конечно им се врати на победите во минатото коло кога славеше со 1-0 против Тиквеш, но пред скопскиот тим има многу работа за да се обезбеди опстанок во елитата, а денеска ги чека тешко гостување кај Гостивар кој во моментов е шести со 32 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button