СПОРТФУДБАЛ

Тухел: Честитки за Леверкузен, ние не ја покажавме страста за победата

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, призна дека неговиот тим веќе нема начин да го стигне Баер Леверкузен за титулата, откако баварците загубија од Борусија Дортмунд во големото германско дерби.

Во исто време, Баер Леверкузен забележа нов последовен успех во првенството и ја зголеми предноста на 13 бода. На прашањето дали борбата за титулата е практично завршена, Тухел одговори кратко и јасно.

„Дефинитивно да. По денешниот натпревар не треба повеќе да ги броиме бодовите.

 

Колку е сега разликата? Честитки за Баер Леверкузен. Многу сме разочарани бидејќи не ја покажавме страста потребна за победа на овој натпревар. Покажавме многу малку“, изјави Тухел по поразот од Борусија Дортмунд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button