СПОРТ

Колинс, најслабо рангираната тенисерка која освоила титула на Мајами Опен

Американската тенисерка Даниел Колинс ја освои титулата на Мастерсот во Мајами, Таа во финалето ја победи четвртата тенисерка во светот Елена Рибакина од Казахстан по два сета 7:5, 6:3. Колинс, 53. на ВТА листата ја освои титулата по два часа и две минути игра. Американката прв пат во кариерата освои титулата на турнир од серијата 1.000.

Колинс стана најслабо рангираната тенисерка која освоила титула на Мајами опен, а од понеделник ќе се искачи на 22. место на ВТА листата. Колинс на почетокот на годината изјави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата.

Рибакина остана на седум титули, а втора година по ред загуби во финалето на турнирот во Мајами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button