
Пеп Гвардиола го најави претстојното дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, но се осврна и на еден играч од противничкиот табор, за кого рече дека „не сакал да потпише за неговиот клуб дури ни за сите пари на светот“.
Се работи за англискиот репрезентативец, Деклан Рајс, кој минатото лето се пресели во Арсенал од редовите на Вест Хем и стана еден од главните играчи во ростерот на Микел Артета.
„Секој клуб би сакал да го потпише Рајс. Тој е млад играч кој настапува на највисоко ниво и има многу натпревари во своите нозе. Ние сакавме по секоја цена да го доведеме кај нас, но тој го одби повикот и рече дека не би играл за Сити дури ни за сите пари на светот.
Јас го ценам неговиот став и го почитувам како фудбалер, а воедно и му посакувам само најдобри нешта во кариерата“, изјави Гвардиола.
Деклан Рајс досега одигра 39 натпревари за „топчиите“ и забележа учинок од шест голови и девет асистенции. Скоро сигурно ќе се најде во почетниот состав за големото дерби против Манчестер Сити./Gol.mk/