СПОРТФУДБАЛ

Кимих: Неприфатливо, на важен натпревар се однесуваме како да е пријателски

Баерн Минхен загуби од Борусија Дортмунд на домашен терен, на тој начин во голема мера завршувајќи ја трката за шампионската титула со Баер Леверкузен.

Advertisements

Искусниот Џошуа Кимих не штедеше зборови критика кон тимот за начинот на кој се одигра мечот, но и целата сезона.

„Не ми е јасно како можевме да одиграме вака на еден толку важен натпревар, ова е необјасниво и неприфатливо. За вакви дуели не треба да постои дополнителна мотивација, треба да одиграме максимално на теренот, а ние се однесуваме како да е пријателски натпревар. Не смее да ни се случи такво нешто“ – вели Кимих и дополнува:

„Секој од нас треба добро да размисли за својот пристап. Не е ни важно кој ќе биде тренер на тимот ако ние играме на ваков начин“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button