СПОРТФУДБАЛ

Чави: Тешко ние да постигнеме гол на вакви натпревари како со Лас Палмас

Барселона успеа да го победи Лас Палмас со минимални 1:0, но го скрши отпорот на гостите дури откако тие останаа со фудбалер помалку на теренот.

Тренерот Чави Ернандес искрено зборувал за дуелот на кој неговиот тим беше голем фаворит и смета дека вчерашните случувања најдобро ја опишуваат актуелната сезона на Барса.

“Ова беше тешка победа, успеавме да ја оствариме целта дури по нивниот црвен картон. Тешко ни е да постигнеме гол на вакви натпревари, секогаш имаме проблеми. Ова е приказна на нашата сезона, имаме проблеми да ги решаваме ваквите натпревари,“ истакна Чави. Каталонците привремено стигнаа на минус пет зад Реал Мадрид, а следниот натпревар ќе го игра против ПСЖ во Лигата на шампионите и тоа на 10. април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button