ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна летниот хаос пред МВР за нови пасоши

Со наближувањето на одморите, се врати хаосот пред шалтерите на МВР за нови пасоши. Граѓаните се револтирани. Велат дека се принудени да го откажат годишниот одмор поради чекање и до три месеци за редовно да ги добијат пасошите. Во меѓувреме, некои други за да го решат ова чекање, го избраа брзиот начин за да го добијат овој патен документ.

Advertisements

„Два и пол месеци откако аплицирав, а новиот пасош сè уште не е готов. Каков одговор добивте? Ми рекоа да проверам дали е во станицата Беко бидејќи таму го доставив. Дали ви ја кажаа причината зошто толку доцнат? Секој наоѓа причина за да излезе од ситуација. Не е во ред да чекаш два-три месеци за пасош…“

„Го избрав редовниот начин пат бидејќи не ми требаше затоа што за среќа синот има две државјанства, белгиско и македонско и не брзаме“, рекоа граѓаните.

Од МВР не добивме одговор која е причината зошто се чека и до три месеци за добивање пасоши, но нè информираа дека досега над 1 милион 490 илјади граѓани се фотографирале за пасоши со новото име на државата, за лична карта 1.245.286 граѓани, а за возачка дозвола 646.989.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button