МАКЕДОНИЈА

Силјановска против избор на претседател на државата во Собранието

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Кисела Вода, повтори дека е против избор на претседател во Собранието. Според неа, легитимитетот добиен од граѓаните, а не од партијата и од лидерот, му дава право на претседателот да мисли со своја глава. Давкова вели дека ако претседателот се бира во Собранието, ни се заканува опасноста сите власти да концентирирани на едно место и за функциите да не се одлучува транспарентно и отворено, туку преку меѓупартиски пазари.

„Дали сум за избор на шефот на државата во Собранието, демек ќе штедиме пари, а не на директни избори? Одговорот сум го дала одамна, а јас не сум претседателот Стево Пендаровски, па да менувам ставови, особено научни и велам „не“. Против сум. Ќе ви кажам и зошто. Прво, зашто ме потсеќа на социјализмот“, рече Силјановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button