МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: На овие избори има две понуди…

Кандидатот за претседател од редовите на „Европскиот фронт“, Бујар Османи на митингот во долненското село Црнилиште истакна дека на овие избори противник не му е албанската опозиција, туку ВМРО-ДПМНЕ, која бара 61 пратеник за, како што рече Османи, да ги исклучи Албанците. Според него, од 2001 година паднале бариерите за Албанците, а сега дошло време тие бариери да паднат и за другите заедници.

„Нашата политичка опозиција на овие избори, браќа и сестри е понудата која бара 61 пратеник за да нè исклучат. На овие избори има две понуди, заборавете 7 кандидати за претседател, нема десет политички партии, но има две понуди. Понудата за евроинтеграции во рок од пет години што ја ветува Европскиот фронт или понудата за изолација што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button