ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот концепт предложен за основно образование предвидува и нов начин на оценување на учениците

Новиот концепт предложен за основно образование предвидува и нов начин на оценување на учениците. По општествените предмети како и по природни науки каде што ќе се спојат историја, географија, хемија, физика, биологија, граѓанско образование и етика, наставниците ќе ги оценуваат учениците секој одделно, а на крај ќе се договорат за заедничка оценка.

Advertisements

Синдикатот на образование во Тетово се спротивстави на ваквото оценување на учениците. Велат дека не е коректно, додавајќи дека не се сите учениците склони за сите предмети. СОНК од Тетово бара од Министерството за образование овој концепт првично да се спроведе како пилот – проект во одредени училишта.

„Не сме против новите промени, но бараме да се реализираат во континуитет. Бараме предложениот концепт првично да се спроведе како пилот – проект во некои училишта за да ги видиме неговите резултати по една или две години. Потсетуваме дека ваквиот модел тешко дека ќе биде применлив во многу училишта со тешки услови за учење”.

Здруженијата на биолози, хемичари, физичари и технолози исто така реагираа на новиот концепт за основно образование. Велат дека избрзаните и недоволно размислени реформи доведуваат до повеќе проблеми отколку придобивки. Според овие здруженија, историјата на промените во образованието покажува дека избрзаните реформи честопати влијаат негативно на знаењето на учениците, особено по предметите во групата природни науки, физика, хемија и биологија. Реагираше и Институтот за филозофија при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Melihate rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button