ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Митровски: Да се детерминира одредена количина канабис за лична употреба

Адвокатот Јанаки Митровски, еден од основачите на здружението за канабис и зелени политики – „Билка“, во своето вечерашно вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека во однос на идејата за декриминализација на канабисот смета дека на граѓаните треба да им биде дозволено да поседуваат одредена количина којашто ќе биде единствено за лична употреба.

„Ние сметаме дека треба законски да се детерминира една количина од 15 до 30 грама канабис којашто државата би ја толерирала како количина за лична употреба, при што треба и граѓаните да знаат, тоа е само кога нема елементи за продажба. Бидејќи и еден грам канабис, ако има елементи за продажба е кривично дело“, вели Митровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button