ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Поддржувам декриминализација на канабисот, но треба да се слушнат сите чинители

Министерот за здравство, Венко Филипче поддржува декриминализација на канабисот за лична употреба. Својот став тој го изнесе во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“, што се емитува на Алсат.

„Јас лично – да. Апсолутно поддржувам. Мислам дека треба да се дискутира, строго да се регулира, меѓутоа, лично го поддржувам тој процес“, рече Филипче.

Министерот додаде дека целата идеја бара поширока дебата во општеството во која би се слушнал гласот на сите чинители.

„Да се слушнат буквално сите. Ова не можеме само ние, како сектор за здравство да го водиме ниту пак, е сѐ во наши ингеренции. Затоа, еден ваков процес сметам дека треба да биде преку јавна дебата на повеќе нивоа, на ниво на различни министерства, на ниво на владата, заедно со граѓанскиот сектор, да ги најдеме решенијата“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button