МАКЕДОНИЈА

За Филипче прифатлива идејата за декриминализација на канабисот

Во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за здравство Венко Филипче  рече дека употребата на марихуаната за лична употреба треба да се декриминализира. Тој додаде дека за тоа ќе биде потребни и поширока дебата во која ќе се слушнат идеите на невладините организации и здруженијата на пациенти. Дебатата ќе се интензивира во текот на следната година.

Advertisements

За некои невладини организации, употребата на марихуаната за лична употреба мора да се декриминализира, и да се легализира за законски да се дефинираат одгледувањето и продажбата. Според нив, Кривичниот законик во моментов не ја казнува личната употреба на марихуаната, но ова е практика воспоставена со години помеѓу Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и Судовите.

Невладините организации исто така бараат ревизија на законот со кој се дозволува употреба на канабис за медицински цели; да им се овозможи на пациентите да користат подобри и поразновидни препарати, да се додаде на списокот за што може да се употреби канабисот, како лекување и да им се овозможи и на приватните лекари да го направат ова, покрај тие јавните.

Од легализацијата на канабисот за медицински цели досега Министерството за здравство издаде околу 60 лиценци на компании.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button