ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата ќе расте по стабилизирање на Ковид – кризата

По стабилизирање на состојбата, цената на нафтата на светските берзи со сигурност ќе се зголемува. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Алсат вели дека oчекувањата се дека кога ќе се заврши оваа здравствено-економска криза, ќе се стабилизира и движењето на цената на нафтата. А, тој период треба да биде по процесот на вакцинација. Бислимовски очекува цената тогаш да се зголеми, бидејќи побарувачката ќе порасне.

„Па вообичаено кога ќе се зголемува потребата од сурова нафта и ќе биде потребна за многу економии во светот и ќе расте нејзината потрошувачка, очекувањата се дека ќе има одредено зголемување на цената на нафтата. Не може да биде нешто друго“, вели Бислимовски.

Регулаторната комисија за енергетика цената ја формира според тоа што се случувало на берзите една недела претходно, Вели Бислимовски. Односно се земаат податоците од Медитеранската берза. А она што е најактуелно на берзите е тоа што појавувањето на новиот вид на Корона вирусот и по затворањето на аеродромите во Велика Британија се случи драстично намалување на цените на нафтата.

Но, веднаш откако се покажа дека вакцините ќе го покријат и овој нов вирус цените пораснаа и состојбата се нормализираше. Од Регулаторната комисија за енергетика потврдуваат дека не само оваа туку сите промени на цената на нафтата на берзите е тесно поврзана со ковид кризата.

ЈАНУАРИ – ДЕКЕМВРИ 2020
ЕУРОСУПЕР БС 95 – намалена цена за 7,5 денари или за 11 отсто
ЕУРОСУПЕР БС 98 – намалена цена за 7,5 денари или за 10,7отсто
ЕУРОДИЗАЛ БС – намалена цена за 9,5 денари или за 15,2 отсто

Анализата која регулаторна ја подготви за Алсат покажува дека од почетокот на годинава до почетокот на овој месец Еуро супер 95-та бележи намалување за 11 отсто. А цената е намалена за 7,5 денари за литар.По најниска цена еуро – суперот 95 се продавал од шестти до 13ти април – од 48 денари за литар. Во истиот период најниска цена е забележана и кај 98та и се продавала за 50 денари за литар. Овој дериват на годишно ниво бележи намалување на цената на бензиските пумпи од 10,7 отсто или за идентични 7,5 денари за литар во периодот јануари декември годинава.

Што се однесува до дизелот, податоците велат дека во анализираниот период малопродажната цена е намалена за 9,5 денари или за нешто повеќе од 15 отсто. Од 27 април до четврти мај дизелот бележи најниска цена и тие седум дена во земјава се продавал по 42,5 денари за литар.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button