ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга, тужби поради немањето вода

Стружани бараат решение на проблемот со водоснабдувањето и редовен доток на вода од чешмите. Во спротивно се закануваат со активирање на протестите од пред две недели, а се спремаат и да ги тужат надлежните локални институции.

„Би можеле да се поднесат претставки до надлежни органи. Сите опции се отворени, но претставките би вродиле со плод за казнување на одговорните лица…“, рече Васко Јолески-граѓански активист, „НВО Каприкон 2010“.

Поради слабата издашност на изворите во Шум и Горна Белица кои се полупразни, во одредени периоди од денот водата има слаб притисок, додека во вечерните часови воопшто и ја нема. Најкритично е во станбените згради, а проблеми има и во некои од селските средини.

„Еден поздрав до Мерко. Недозволиво е еден град, туристички центар, да има проблем со вода, кога се давиме во вода. Ако ти немаш вода, немаш туризам, немаш ништо…“, вели еден граѓанин.

Дополнително на празните резервоари, 30% од водата во Струга се губат и поради старата водоводна мрежа. Од Водовод и канализација Струга велат дека интензивно работат на трајно решавање на проблемот. Но, локалната опозиција обвинува дека проблемот потекнува токму од самата општина.

„Главниот проблем овде е јавното претпријатие Проаква и општината и нефункционирањето на институциите. Факт е дека има огромно недомаќинско работење во ова јавно претпријатие години наназад. Продадена е и зградата на ова јавно претпријатие, но не знаеме каде завршиле тие пари…“, ,рече Ален Деребан, Член на општинскиот Совет (ВМРО-ДПМНЕ)

Инаку, локалната власт работи на изработка на проект за црпење на вода од Охридското езеро кај селото Калишта, каде има чисти езерски извори. Но, засега не се дава точен термин кога би се реализирал ваквиот проект.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button