ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ако не се исполнат барањата на медицинските сетри, професијата ќе исчезне

Игнорирањето на барањата на медицинските сестри за подобри работни услови и повисоки плати може да ја згасне професијата. Од Здружението на медицински сестри „За нас“ велат дека освен што има големиот број на медицински сестри кои сакаат да ја напуштат државата, голем дел од нив не ни сакаат да продолжат со оваа професија.

Advertisements

Во последните години бројот на медицинскиот персонал кој заминува во странство е голем. Не заминуваат само медицинските сестри, туку и лекарите. Според последните податоци на Здружението на лекари годишно од 200 до 250 лекари заминуваат од земјава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button