СПОРТФУДБАЛ

Динамо потпиша со Едгар Ије, а место него го доби неговиот брат близнак?!

На повидок е невиден скандал не само во романскиот туку и во светскиот фудбал. Луѓето во ФК Динамо од Букурешт се сомневаат дека се измамени од фудбалерот Едгар Ије.

Advertisements

Едгар дојде во Динамо како слободен играч во средината на февруари откако ја прекина соработката со Истанбул Башакшехир. За Динамо досега одигра пет натпревари, но во клубот започнале да се сомневаат дека натпреварите не ги играл Едгар, туку неговиот брат близнак, Еделино.

Се уште нема официјални потврди за ова, но управата на клубот е убедена дека Едгар зборува англиски, додека во моментов не можат на тој начин да комуницираат со фудбалерот. Фудбалерот кој го имаат во своите редови наводно не сака да им покаже ниту возачка дозвола, ниту каков било документ.

Во својата кариера, Едгар ги носеше дресовите на помладите категории на Спортинг Лисабон, Барселона, Виљареал. Играше за Лил, Нант, Трабзонспор…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button