ЗДРАВСТВО

Дебелите луѓе во ЕУ одат на боледување 2,5 пати повеќе од оние кои не се дебели

Дебелите луѓе во Европа имале 2,5 пати поголеми шанси да одат на боледување од недебелите, покажа истражувањето презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција.

Според истражувањето на 122.598 работници во 26 европски земји, колку повеќе биле дебели, толку повеќе земале боледување, наведувајќи болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски Тајмс.

Британските работници се третите најдебели во Европа, а боледувањето е двојно зголемено во Обединетото Кралство во последните 10 години, намалувајќи ја продуктивноста на британската економија за околу 33 милијарди фунти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button