СВЕТ

Драма во авион: Поради силни турбуленции едно лице загина, неколку се повредени

Едно лице загина, а неколку се повредени на летот од Лондон до Сингапур кој го погодија силни турбуленции, јави авиокомпанијата, пренесува Би-би-си.

Advertisements

Авионот „Боинг 777-300ЕР“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време.

Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението за печатот на Сингапур ерлајнс, кое изразува сочувство до семејството на починатиот.

Сингапур ерлајнс соопшти дека работи со локалните власти во Тајланд за да обезбеди итна медицинска помош и дека испраќа тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

– Наш приоритет е да им обезбедиме секаква можна помош на сите патници и членови на екипажот во авионот, се наведува во соопштението.

Тајландските власти испратија брза помош на аеродромот Суварнабхуми.

Сè уште не е целосно јасно што точно се случило во авионот. Дописникот на Скај њуз од Азија известува дека има некои индикации дека авионот удрил во воздушен џеб пред итно слетување.

– Повредите предизвикани од сериозни турбуленции се релативно ретки во контекст на милиони летови. Сепак, тешките турбуленции можат да бидат драматични и да доведат до сериозни повреди или, за жал, како во овој случај, смрт, изјави за Би-Би-Си експертот за општа авијација Џон Стрикленд.

– Авиокомпаниите препорачуваат безбедносните појаси да останат барем лабаво врзани во текот на целиот лет, без разлика дали е долг или краток. Тоа предупредување не е залудно, додаде Стрикланд.

Турбуленциите се вообичаени на летовите, но сериозните инциденти како овој се ретки, а турбуленциите обично не се загрижувачки.

Понекогаш тие може да се предвидат, а познато е дека пилотите комуницираат меѓу себе преку радар за да ги предупредат другите, но турбуленциите исто така може да се појават одеднаш. Иако е привремен феномен, тие можат да се случат секаде и под какви било услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button