ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристичкиот сектор бара Министерство за туризам

Со повисоки цени од минатите лета, како на хотелските арнажмани, така и на угостителските услуги, но и со сѐ уште не изграден автопат, Охрид и Струга ги пречекаа првите гости од Холандија. До крајот на септември се очекува бројка од околу 20000 гости од Холандија, и 92 чартер авиони од Амстердам до Охрид. Очекувањата се дека оваа сезона ќе биде меѓу петте најдобри досега.

Advertisements

„Ние ќе слетаме до Охридскиот аеродром, но што понатаму. До Охрид треба да поминат низ цели проблеми со тој автопат кој се гради од како паметам за себе. Или до Скопје,таа врска мора да биде брза и ефикасна. Патот до Свети Наум се реконструира, но не е готов. Автобусите и индивидуалните туристи ќе рипкаат по тие дупки.Излегува дека не сме подготвени“, рече Зоран Тунтев, професор на факултет за туризам.

Oд туристичкиот сектор бараат новата влада да размисли за формирање на посебно министерство за туризам. Со тоа велат на дирeктен начин ќе се решаваат потребите на туризмот.

„Треба да има министер за туризам, кој ќе го реши тој проблем во јануари, а не во мај. Ние во март треба да стартуваме, а не треба и да прекинуваме. Треба еднаш да се донеси едно конечно решение и да се знае дека за туристичките места сезона нема, односно треба да направиме сезона 12 месеци во годината. Наместо владата или општината да ни дадат потик да работиме тие само рачната и кочи“, рече Љупчо Патчев, сопственик на угостителски објект.

„Од секогаш јас бев за тоа, но тоа да биде надвор од сите политички и параполитички ноти. Со тоа полека ќе се средуваат работите. Ќе се координираат законите со теренот, теоријата и праксата ќе ги споиме. За да функционира оваа држава од туристички аспект, и сите чинители да се собрани под иста капа затоа што имаат заеднички интерес, неопходно е формирање на вакво министерство“, рече Зоран Тунтев, професор на факултет за туризам.

Од соседните земји, министерства за туризам има во Хрватска, Србија и Црна Гора.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button