МАКЕДОНИЈА
Пожарникари од Радовиш од вчера гаснат опожарена дабова шума

Пожарникари од територијалната противпожарна екипа од Радовиш од вчера интервенираат во гаснење на шумски пожар во селото Коџалија, над гробиштата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Гаснењето на пожарот трае од вчера од 18:30 часот и интервенцијата продолжила до доцна во ноќта, а дејствувањето врз пожарот продолжило и во текот на денешниот ден.
Со пожарот била зафатена дабова шума. На местото на пожарот, каде што теренот бил и непристапен, била и екипа од тројца вработени од Национални шуми подружница „Плачковица“.