ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска: Донесените одлуки ја потврдија непристраноста на Судот

Добрила Кацарска го заврши својот тригодишен мандат на чело на Уставниот суд. Таа зборуваше за успесите на Судот, и за заканите кои ги добивала. За последната закана, кога на нејзиниот паркинг беше пронајден кујнски нож и импровизиран кревет, Кацарска рече дека се уште нема информации за текот на постапката.

Advertisements

За време на мандатот, Уставен се соочи со недостиг од судии, за што неколку пати го повикуваше Собранието да избере судии за да се овозможи редовна работа на судот.

Кацарска за време на нејзиниот мандат ќе остане запаметена по критиките за измените на Кривичниот законик со кои беа ослободени функционери кои ја злоупотребиле власта. Таа, исто така, беше против иницијативата на министерот за правда, Кренар Љога, за внесување на етничката припадност во изводите на родени за да се спречи манипулација со националноста при вработување.

Кацарска стана уставен судија во ноември 2020 година, а за претседателка беше избрана на 26 мај 2021 година. Како уставен судија ќе продолжи до 2030 година. Кој ќе седне на местото на Кацарска ќе се знае следната недела. Претседател се избира од уставните судии. Гласањето се врши со тајно гласање, а за да биде избран за претседател уставниот сдуија треба да добие две третини од гласовите. Право да се кандидираат имаат судиите Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендери, Татјана Васиќ- Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ- Анастасовска и Ана Павловска- Данева.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button