СПОРТФУДБАЛ

Андриј Лунин oстанува во Мадрид, но потпишува за Атлетико?

Украинскиот голман Андриј Лунин блесна во дресот на Реал Мадрид изминатата сезона користејќи го просторот што го остави повредата на Тибо Куртоа. Сепак, белгиецот се врати и застана на голот во финалето на Лигата на Шампионите.

Advertisements

Големи дилеми во јавноста предизвика оваа одлука на Карло Анчелоти, сепак да му даде предност на Тибо Куртоа, иако Лунин бранеше одлично во текот на сезоната. На крајот, сепак, Куртоа одбрани фантастично против Борусија Дортмунд, а „кралевите“ ја освоија 15. европска круна.

Лунин не сака да биде резерва, посебно откако почувствува дека може да игра важна улога на голот и во големи клубови, па сега размислува за заминување. Шпанските медиуми најавуваат дека тој би можел да направи големо „предавство“ и да потпише за градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Ова е во опција само доколку Јан Облак замине во Премиер Лигата од каде има неколку понуди, а меѓу нив дури и повик од Пеп Гвардиола да го замени Едерсон на голот на „граѓаните“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button