Детина Зали: Вакцината спасува животи, тоа е единствениот начин за излез од оваа ситуација
Албанскиот научник Детина Зали, професор на Универзитетот во Оксфорд, во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“ на Алсат, вели дека вакцината е таа што спасува животи и во моментот е единствениот излез од оваа ситуација во која се наоѓа целиот свет, предизвикана од Ковид- 19. Според неа, во пролетта 2021 година ќе бидеме во многу поповолна ситуација, благодарение на одобрувањето на вакцините.
„Во денешно време има многу дезинформации за вакцинациите, а луѓето изразија тотална паника околу нив, многумина не сакаат да се вакцинираат. Би сакала да ги потсетам луѓето дека вакцината спасува животи, тоа е единствениот начин на кој можеме да излеземе од оваа ситуација на Ковид. Ситуацијата низ целиот свет веќе стана алармантна, со бројни пациенти заразени и за жал ги загубија своите животи од Ковид-19, така што вакцината е нашата надеж. Факт е дека сите научници се фокусираат на ова. Се надевам дека 2021 година ќе ни даде поголема надеж да излеземе од оваа ситуација во која се наоѓаме сега“, изјави Зали.