Зимскиот распуст за учениците започнува на 31 декември и ќе трае до 20 јануари

Задутре почнува зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Наставата продолжува на 21 јануари. Додека учениците се на зимски распуст, наставниот кадар и сите инволвирани ќе имаат можност да испраќаат идеи и предлози за Нацрт-концептот за основно образование. Документот од 48 страници беше објавен на веб-страницата на Министерството за образование на пет јазици македонски, албански, турски, босански и српски јазик. За да се подобри содржината на законот, идеите и предлозите треба да бидат испратени до 20 јануари. Официјално, Министерството за образование сè уште нема конечна одлука дали второто полугодие ќе продолжи онлајн или со физичко присуство. Пред извесно време министерката Мила Царовска најави дека наставата може да продолжи онлајн бидејќи моделот покажал резултати.
Првото полугодие помина со многу проблеми и одложувања кај учениците, особено оние со просечно достигнување во процесот на учење.
„Стагнацијата кај учениците е очигледна. Оние кои се на нешто потпросечно ниво во однос на постигањата во образовниот процес, имаат многу назадување. Тие се попасивни во реализирањето на часовите. Ако оваа учебна година навистина заврши онлајн, ние наставниците ќе се соочиме со уште поголем проблем надвор од платформата со оценување на учениците.“
Според измените во календарот за организирање на работата на основните и средните училишта, првото полугодие од оваа учебна година започна со еден месец задоцнување односно на 1 октомври, а бројот на деновите за одржување на настава е намален од 180 на 159.
Melihate Rustemi