ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дежурен судија ќе издава налози за да може полицијата да растура домашни забави со над четири лица

Еден судија на претходна постапка, ќе биде дежурен вечерва во Кривичниот суд. Ќе има обврска да издаде судски налог, ако евентуално тоа го побара обвинител за да може полицијата да влезе во нечиј дом, за каде има сознанија дека ќе се организира журка со повеќе од четири лица. Од судот посочуваат дека има и резервен судија, доколку има потреба. Во скопското обвинителство дежурни за Нова Година се двајца обвинители. И од таму уверуваат дека доколку има потреба за повеќе луѓе, обвинителите биле на располагање.

Advertisements

Пред два дена го прашавме државниот обвинител, какви судски налози бараат од судот за да може полицијата да влезе во нечиј дом. Во двете растурени забави минатиот викенд, полицијата освен собир, затекна и дрога. Прашавме дали судските налози кои се бараат се на основ на сомнеж за наркотици. Прецизен одговор немаше.

„Во определени околности оние сознанија кои што ги имало обвинителството може и да не се отстварат при извршениот увид, како што не е ниту прв ниту последен случај доколку сознанијата упатуваат на постоење на друго кривично дело или да не се најде дрога, да се најдат други докази за друго кривично дело“, рече Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Минатиот викенд, полицијата се пофали дека растури две забави во Скопје. Првата во стан во Центар, втората журка во Волково. МВР соопшти дека затекнала собир и „Непостапување по здравствени прописи во време на пандемија“. Во двата случаи, беше откриена дека при претресите е пронјадена дрога. Уапсени беа вкупно 42 лица.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button