Убиен војник во Македонски Брод

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство.
Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.
Според МВР, по убиството биле приведени 4 лица, меѓу кои и осомничениот. Убиството се случило во куќата на еден од приведените 63 годишниот Т.Т околу 23 часот, а според полицискиот билтен, при чистење на ловечка пушка бил испукан куршум кој ја погодил жртвата, со која сите заедно биле на лов.
Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа.