Донации за погодените семејства во пожарите
Донации за погодените семејства во пожарите

Сите оние кои сакаат да донираат за граѓаните погодени од пожарите во Источна Македонија, од денеска тоа ќе можат да го направат во пункт во Скопје, кој се наоѓа во близина на трговскиот центар „Ист Гејт“.
Акцијата за собирање помош е предводена од организацијата „Хуманитарни акции.мк“, во соработка со Конфедерацијата на синдикални организации, а во чија канцеларија и граѓаните ќе можат да ги достават своите донации. Организаторите нагласуваат дека донации во храна и облека сега се најпотребни.
“Секој граѓанин може од 4 до 8 часот попладне да донесе донации. Првенствени донации што ни се потребни во првата фаза се облека, храна, дезинфикциони средства, душеци, иако веќе имаме голема донација на душеци, ќебиња, постелнини…Значи моментално многу семејства се згрижени и треба да им го однесеме најприоритетното“, реч Владимир Чолаковски, организација Хуманитарни организации.
Чолаковски објаснува дека донациите нема да запрат само на овчеполскиот регион, туку потоа вакви донации ќе се собираат и за другите делови од земјава зафатени од пламените јазици.
“Сега одиме во овчеполието, па потоа ќе одиме во цела источна Македонија, зошто се уште има пожари, не сме сигурни каде што како ќе се случи, ова е голема катастрофа ова е национална катастрофа. Сега се договара во Прилеп пункт, во Битола пункт, во Охрид веќе се организираат, да видиме и другите градови„, рече Владимир Чолаковски, организација Хуманитарни организации.
Минатата недела веќе биле испратени две индивидуални пратки со помош во Свети Николе и селото Немањици каде повеќе жители беа евакуирани, а во наредниот период се очекуваат поголеми пакети за помош и тоа во сите делови каде пожарите предизвикале материјална штета./Aлсат.мк
Михаило Донев