Дојдени се од сите градови на Македонија. Меѓу нив имаше и иселеници со своите луксузни автомобили кои дојдоа на годишниот автомобилски собир во општина Брвеница во Тетово.
Имаше автомобили од 5.000 евра до 800.000 евра. Најмногу се истакнуваше овој голф од серија еден. Датира од осумдесеттите, но изгледаше младо и убаво.
„Автомобилот е од 81 година. Неговата вредност е десет илјади евра, толку ме чинеше досега. Јас сум првиот возач на овој автомобил. Тоа е автомобил 2.0 голф и GTI. Го имаме во семејството од 1993 година и го средивме“, рече Мухамед Ќамили. Сопственик на автомобил.
Најскапиот и најлуксузен автомобил беше ова ламборџини.
„Тоа е Ламборџини ураган спајдер, има 600 коњски сили. Сакав да земам Ферари-то, но ова ми даде повеќе адреналин. Вкупниот трошок е 420.000 евра. Го возев до 310 километри на час, не повеќе“, рече Елмедин Рамадани, сопственик на автомобилот.
Скопјанката Ајша Алии го престави американскиот Dodge со 300 коњски сили.
„Се работи за американски Dodge со 300 коњски сили. Сакам да учествувам на овие специјални автомобилски настани. Цената на овој автомобил е 30.000, но не го возиме постојано, туку само кога има настани“, нагласи Ајша Алии, сопственик на автомобилот.
„Автомобилот е оригинален олдтајмер. Многу ми се допаѓа и го чувам веќе две години. Тој е од 1988 година, но има само 95.000 км поминато. Многу е добро сочуван. Дојдов со ова од Германија. Уживам“, додаде Дритан Салии, сопственик на автомобилот.
На овој настан, атракција на вечерта Сузукикото на Зајко Алими од село Синичани со неговиот уникатен звук.
Собирот заврши со избор на најдобрите автомобили./Алсат.мк
Башким Сулејмани