Уметниците од Ансамблот на ора и песна на Албанците побараа итно решавање на работниот статус
Уметниците од Ансамблот на ора и песна на Албанците побараа итно решавање на работниот статус
Вработените во Ансамблот за песни и ора на Албацните бараат од надлежните државни органи да ги вратат на работа, а директорот Шкодран Толај го обвинуваат за малтретирање и вршење на притисок.
„Ние тропнавме на вратите на неколку институции и се уште никој не ни даде одговор каде се крие виновникот, каде е направена грешката, кој не не сака во тој ансамбл. Секој од нас можеше да избере како решение бегството во странство и повеќе да имаме корист од нашите професии, но решивме да останеме уметници до крај. Барајќи го тоа што ни припаѓа и не дозволувајќи игрите на дневната политика да паднат врз наш грб“, рече Вулнет Незири, вработен во Ансамблот за песни и ора на Албанците.
Доколку не се вратат на работа, работниците кои пет години служат на оваа институција најавија дека ќе бидат принудени да протестираат.
„Бараме посветеност на Министерството за култура и финансии, како и на Владата, што поскоро да се вратиме на работа и да не не тераат како уметници да шетаме по улиците протестирајќи пред надлежните институции“, додаде Вулнет Незири, вработен во Ансамблот за песни и ора на Албанците.
Вработените потенцираат дека директорот Толај воопшто не ги информирал за настанатата проблематика со договорите, додека не им бил доставен документ дека договорите не им се продолжени.Според нив, Толај не се ни договорил да се сретне за да го разјасни прашањето за продолжување на договорите.
Инаку, во текот на изминатите денови имаше остри реакции поради настанатата ситуација кога 33 вработени во оваа културна установа останаа на улица. Уметниците и културните работници го обвинија директорот дека институцијата ја третира како приватна сопственост. Тие дури го обвинија директорот Толај дека во отсуство на вработени ангажирал луѓе од надвор за да настапат за Илинден.
Alsat.mk
Суад Бајрами