Инцидентот не ги загрзоува односите меѓу Македонија и Косово
Инцидентот не ги загрзоува односите меѓу Македонија и Косово
Официјалниот извештај ќе го расчисти инцидентот во кој се најде косовската претседателка Вјоса Османи на 1 август на скопскиот аеродром. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека по изјаснувањето на надворешните ресори, кабинетот на Вјоса Осман и дискусијата на денешната средба, сега останува на органите да си ја завршат работата. Курти рече дека е важно да се преземаат мерки.
„Сметам дека треба да се стремиме кон вистината и никогаш кон тензија, нека се расчисти случајот, тоа го прават надлежните органи. Јас и премиерот Мицкоски не можеме да бидеме и цариници и истражен полицаец и полициски инспекторат ниту тој што го надгледува аеродромското обезбедување. Полека, но сигурно стануваме експерти за многу технички детали, но верувам дека што се однесува до суштината на работата, одговоривме и мерките се преземаат“, рече Албин Курти, премиер на Косово.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека инцидентот освен што не влијае на дипломатските односи, ги мотивира страните за соработка и во други димензии. Мицкоски изрази жалење за тоа што и се случи на претседателката Османи, велејќи дека е подготвен во иднина, кога и да допатува, да ја пречека и да ја придружува на скопскиот аеродром.
Според кабинентот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, на 1 август, додека патувала за Љубљана, на скопскиот аеродром било побарано да ги остави личните работи во скенерот, а имало обид да и се земе и мобилниот телефон. За расчистување на тензичната ситуација, Османи побарала помош од спикерот Африм Гаши, кој пак го испратил своето обезебдување./Алсат.мк
Адриан Керими