Мицксоки и Курти посветени на трговската размена
Мицксоки и Курти посветени на трговската размена
Косовскиот премиер Албин Курти е оптимист за растот на трговската размена со Македонија и за подобрување на условите кои, според него, го олеснуваат движењето на луѓе и стоки. Курти при посетата на Скопје каде што се сретна со македонскиот колега Христијан Мицкоски рече дека трговската размена меѓу двете земји достигнала половина милијарда евра.
„Економската и трговската размена ја зголемивме во вредност од половина милијарда евра, а во оваа соработка има и меѓусебни инвестиции во двете земји. Оваа половина милијарда расте бидејќи имаме позитивен тренд. Северна Македонија веќе неколку години е земја во која извезуваме многу стоки од Косово, што исто така е во пораст. Во ова удвојување на извозот, голем дел припаѓа на извозот во Северна Македонија“, рече Албин Курти, премиер на Косово.
Мицкоски рече дека со заложбата на двете Влади оваа размена треба и може да се зголеми. Мицкоски додаде дека размената ќе се олеснат со автопатот Скопје-Блаце и патот Тетово-Призрен.
Двајцата премиери зборувале и за важноста на заедничката гранична точка во Елез Ан. Курти е првиот премиер од земјите од регионот што го посети Скопје по формирањето на новата Влада. Протоколот на Владата на неколку минути пред почетокот на заедничката прес-конференција го смени знамето кое го промаши. Наместо тоа на ЕУ, го постави знамето на Република Косово./Алсат.мк
Адриан Керими