ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Критична состојбата со пожарите во државава

Состојбата со пожарите во земјава и натаму е алармантна. Критично е во Пехчевско, каде огнени стихии беснеат од синоќа кога изгоре и единственото противпожарно возило во градот, а од утрово се интервенира со два хеликоптери на Армијата. Пожарот на Галичица веќе осми ден е активен, а во моментот активни се и вкупно 10 пожари на отворено во целата држава, додека пак три жаришта се ставени под контрола. Во последните 24 часа изгаснати се 32 пожари.

Advertisements

„Активни се неколку пожари во села во близина на Македонски Брод.  Во село Негрово во Општина Пехчево гори мешана шума, додека пожарот на Галичица се шири на врвот Магаро кон Стење од Охридска страна каде гори нискостеблеста шума. Активни се и пожари во Општина Пласница, Неготино, Кичево и Новаци“, наведуваат од ЦУК.

Под контрола пак денеска е ставен и пожарот на Илинска Планина и Плаќенска планина, на подрачјето на општинитеДемир Хисар и Охрид, Под контрола е ставен и пожарот во Општина Чашка, кај селата Ореше и Папрадиште и во Општина Делчево, кај депонијата. Изгаснати пожари има во Прилепско, Кавадарци, Радовиш, Гостивар, како и во скопскиот регион. Од друга страна, додека спасувачките екипи се борат со огнот на терен, во полициските билтени се нижат случаи на приведени лица за подметнување пожари. Па така, вчера  Јавното обвинителство им одреди осумдневен притвор на три лица, кои користејќи гориво предизвикале пожар во скопското село Патишка Река. Претходно, од почетокот на август полициските власти соопштија за уште четири вакви слични случаи за лица приведени поради намерно предизвкување пожари. За делото пак „предизвикување општа опасност“ за кое се товарат приведените за подметнување пожари, Кривичниот закон предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button