ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјава во портокалова фаза поради високите температури

Со шишиња вода во рацете, капи на главите или со чадори – вака денеска најголем број од граѓаните се движеа низ скопските улици. Нјаголем број од нив беа туристи или иселеници.

Advertisements

„Тешко е, но треба да седиме повеќе под сенка, да пиеме повеќе вода и да се заштитиме од топлината, мора под сенка“, велат граѓаните.

Поради топлото време има зголемен број повици до итната помош.

Надлежните апелираат до граѓаните да консумираат што повеќе течности на овие високи температури и да избегнуваат непотребно излегување на сонце, граѓаните велат дека имаат свои начини да се заштитат од овие високи температури.

Владата препорачува одредени категории граѓани, возрасните и трудниците да бидат ослободени од работа и да се забрани физичката активност на отворено. Според Управата за хидрометеоролошки прашања, во наредните денови не очекуваат топли денови и се очекува дневните температури да надминат 40 степени.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button