ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонскиот амбасадор во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, поднесе оставка

Актуелниот амбасадор во постојаната мисија на Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, поднесе оставка пред да завршат консултациите за неговата работа, која започна со доаѓањето на новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Advertisements

Неговата оставка ја констатираа и од кабинетот на претседателката Силјановска, а известено е и Министерството за надворешни работи.

„… во врска со консултациите на кои амбасадорот Фрчкоски беше поканет од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, нагласуваме дека тие не се одржаа како резултат на образложението на амбасадорот дека не може да учествува на истите од здравствени причини“, наведоа од МНР.

Фрчкоски беше назначен за амбасадор во 2022 година. Пред извесно време беше поканет на консултации во министерството поради сомнежи за финансиски нерегуларности при неговото раководење со амбасадата во Њујорк. Сега од оваа институција потврдуваат дека процедурата ќе продолжи без разлика на оставката на Фрчкоски.

„…надлежните институции ќе ги преземат сите неопходни чекори во наредниот период дефиниран со закон за завршување на постапката поврзана со статусот на споменатиот амбасадор“, додаваат од МНР.

Покрај Фрчкоски, во амбасадата се повикани уште тројца амбасадори, а кај двајца амбасадори има сериозни сомнежи за финансиска злоупотреба.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека се започнати консултациите за именување на некои нови амбасадори во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава низ светот.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button