ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши: Барањето за моја интерпелација не е политички издржано

Африм Гаши, претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите рече дека на седницата на 3. септември ќе ја стави на дневен ред интерпелацијата за неговото работење, и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

Advertisements

„На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, рече Африм Гаши.

Интерпелацијата за Гаши ја поднесе политичката партија Левица. Барањето е поради неколку причини, меѓу кои и молитвата во Собранието, случајот со аеродромот и косовската претседателка и заминувањето на свадба во Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button