ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МТСП и МЖ-инфраструктура се повлекоа од евалуационите комисии за Коридорот 8

Членовите претставници на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие МЖ – инфраструктура, се повлекуваат од евалуационите комисии за избор на надзор и на изведувач за изградба на третата фаза од Коридорот 8, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николовски. Како што кажа тој, владата останува посветена на проектот, но истиот треба да биде реален и изводлив.

Advertisements

„Овој проект, којшто го имаме во моментов не е реален, не е изводлив и не може да биде завршен затоа што претставува градежен подвиг, треба да се изградат 22 тунели и 56 моста на делница од само 23 километри. Прескап е. Проценета вредност е околу 20 милиони евра по километар и од страна на Бугарија не е завршена нивната работа затоа што завршува во тунел што не води никаде“, рече Николовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button