Меџити: ДУИ да објасни зошто донела закон што може да се проблематизира пред Уставен

Првиот вицепремиер Изет Меџити, рече дека ДУИ треба да објасни зошто донела закон што не е во согласност со Уставот и зошто нејзиниот коалициски партнер СДСМ го испратил законот до Венецијанската комисија. Меџити рече дека Уставниот суд треба да го оцени политичкиот момент за да не се создаде дестабилизација.
„Законот за албански јазик што го донесе коалицијата со ДУИ, токму од министерката за правда на СДСМ, беше испратен до Венецијанската комисија, значи самата ДУИ го испрати до Венецијанската комисија, самата ДУИ ги добила заклучоците на Венецијанската комисија и зошто овој случај со години се држеше во фиока во Уставниот суд, и зошто ДУИ донесе закон што има проблем со Уставот, ова се проблеми што треба да ги објасни ДУИ. Правиме напори без да се мешаме во Уставниот суд, истиот да го процени политичкиот момент покрај правниот, бидејќи неодговорното однесување во несоодветен момент може да создаде дестабилизација и да придонесе за процеси кои не се во интерес на граѓаните на Република Македонија“, рече Меџити.