ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Истражните органи да се позанимаваат со корупциските скандали кои се објавени

Артан Грубит е поврзан со многу злоупотреби во многу институции. Ова го изјави Христијан Мицкоски во интервјуто за Алсат, коментирајќи ги обвинувањата на министерот Александар Николовски дека функционери на ДУИ купиле земјиште на трасата каде што треба да се гради автопатот до Блацe.
Мицкоски во интервјуто ги повика истражните органи да се позанимаваат и со други корупциски случаи кои новата власт ги открила и најави нови случаи во наредниот период.
Според премиерот, ако судството и обвинителството не се занимаваат со овие и други случаи на корупција, тогаш даваат лош пример за неказнивост.
Суад Бајрами