ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде готова есенската кошничка со 100 производи

Овошје, зeленчук, ориз, грав, месо се дел од производите што ќе се најдат во есенската потрошувачка кошничка што Министерството за економија и труд најави дека ќе ја има како мерка за помош на стандардот на граѓаните.

Advertisements

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека висината на цените на овие производи ќе зависи од тоа дали Работната група што е формирана за изработка на оваа кошничка ќе смета дека треба да има ограничување на цените на одредено ниво или, пак, маржата да биде ограничена од 5, 10 или 15 насто.

„Министерството за економија и труд заедно со министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и со финансии формираа работна група која до утре треба да направи есенска потрошувачка кошничка. Таа кошничка ќе опфати околу 100 основни прехранбени и земјоделски производи. Работната група ќе направи една симулација за ограничување на цените на одредено ниво или за ограничување на маржата од 5, 10 или 15 отсто“, рече Дурмиши денеска при неговата посета на книжарници во Скопје.

Тој најави дека одлуката што работната група ќе смета дека треба да се примени, наредната недела ќе биде доставена до Владата за да се усвои.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button