Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) во Њујорк, детално разговарале за последните случувања во рамките на дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор, во светло на Планот за раст за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.
„Разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на ГС на ОН детално за последните настани во дијалогот и потребата од повторно ангажирање и спроведување на Охридскиот договор, исто така во светло на Планот за раст на ЕУ за регионот“, изјави Лајчак на социјалната мрежа Х.
Вучиќ претходно пред новинарите изјави дека во разговорот со Лајчак повторно укажал на уривањето на се што е потпишано и прифатено со Бриселскиот договор.