Мицкоски: Две важни пораки до јавноста

Продолжување на заложбите за полноправно членство во Европската Унија и грижа за националните интереси се двете пораки коишто премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно излагање по повод 100 дена од стартот на новата влада ги испрати до јавноста.
„Можам да ја уверам македонската јавност за две работи – првата, да веруваат дека оваа влада нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните. Нема да направи ништо спротивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема да направи ниту една отстапка што ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани. Втората порака е дека никогаш како влада нема да отстапиме од реализирање на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Бидете сигурни дека и двете цели може да се реализираат“, рече Мицкоски.