Орав: Во регионот гледаме многу штетни наративи кои поттикнуваат поделби

– Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Аиво Орав вели дека во регионот на Западен Балкан има штетни наративи кои ги нагласуваат, но и ги поттикнуваат поделбите, јави дописникот на МИА од Приштина.
На отворањето на конференцијата на Европската унија за медиумска едукација што се одржува во Приштина, на тема „Конструктивно новинарство: јакнење на информираните и резистентни општества“, Орав истакна дека ЕУ е посветена на градење медиумски пејзаж кој е силен, моќен и одговорен.
Шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово рече дека оваа конференција е доказ за посветеноста кон соочувањето со најважните прашања во однос на дезинформациите.
-Гледаме штетни наративи кои ги нагласуваат поделбите и ги поттикнуваат овие поделби во регионот, но и пошироко, рече Орав.