
Најмалку шест луѓе загинале во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека на 3 октомври извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.
Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Јужните предградија на Бејрут од вчера беа мета на десетина израелски напади, еден ден откако Иран истрела повеќе од 180 проектили врз Израел.