ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со намален број на верници се одбележа Бадник

Со намален број верници на дистанца и со маски, во Соборниот храм во Скопје се одбележа Бадник. Поглаварот на МПЦ , г.г. Стефан ги освети погачата и бадниковите гранчиња , а годинашен кум на манифестацијата беше епидемилогот Никола Пановски кој на граѓаните им порача да имаат трпение и надеж дека годината ќе биде подобра од претходната.

Advertisements

„Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Ќе имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник овде оро да се игра, музика, па и ракијче да се напиеме“-иазјави Никола Пановски, кум на Бадник.

Традиционално кумот заедно со семејството замина на кочија со бадниковиот ќуп. На денешното одбележување присуствуваше и годинашниот здравичар доктор Миодраг Врчаковски.

Во услови на епидемија, бадниковите гранчиња во Соборниот храм беа делени на главниот влез на црквата и пред камбанаријата, а изостанаа  традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Божиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button