ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсени десетина лица на Бадникови огнови

Полицијата растури собир во скопското село Орман. Околу 21 часот вчера вечерта, полицaјци затекнале десетина лица на бадников оган. Сите се уапсени а против нив МВР најави дека ќе поднесе пријави, зашто ја прекршле забрана за собири која важи и на отворено.

МВР: „Се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година“

МВР информира дека, граѓаните главно ги почитувале протоколите за заштита од корона вирусот. Освен собирот во селото Орман, полицијата низ земјава не евидентирала други прекршувања со јавни собири. За растурениот бадников оган во Орман, реагираше, ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ: „Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови. Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните“

Вчера полицијата напишала и 521 казна за граѓани кои не носеле заштитни маски. Дополнително уапсен биле и двајца браќа од гостиварското село Неготино. Сопственици се на кафеана, во која синоќа полицајци затекнале 25 гости по 18 часот, до кога смеат да работат угостителските објекти.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button