
Турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој важеше за главен непријател на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со години живееше во егзил во САД починал на 83-годишна возраст, објавија медиумите. Ѓулен беше обвинет од страна на владата на Ердоган дека е одговорен за обидот за пуч во Турција во 2016 година.
Ѓулен живееше во американската сојузна држава Пенсилванија од 1999 година. Во 2017 година му беше одземено турското државјанство.