ЗДРАВСТВОМЕТРОПОЛ

Бременоста може да разбуди древни вируси, открива ново истражување

Фрагменти од древни вируси вградени во нашата ДНК поттикнуваат производство на црвени крвни зрнца за време на критичните периоди како бременост и загуба на крв, тврди ново истражување спроведено од научници од САД и Германија.

Advertisements

Нивната студија покажа дека заспаните вирусни елементи, наречени ретротранспозони, стануваат активни во хематопоетските матични клетки, предизвикувајќи имун одговор кој го зголемува производството на црвени крвни зрнца. Анализата на хематопоетските матични клетки кај глувците довела до ова откритие бидејќи овие ретротранспонзони, закопани во геномот, се разбудиле и предизвикале клеточни промени.

Контраинтуитивен процес

Научниците открија дека оваа вирусна активација веројатно се јавува и кај луѓето. Споредувајќи ги примероците на крв од бремени и небремени жени, тие забележале знаци на слична активност на ретротранспозон. Студиите на глувци покажаа дека блокирањето на овој процес доведува до анемија, чест ризик за бремените жени поради зголемените физиолошки потреби.

Тоа е спротивно од она што го очекувавме. Ако некогаш има време да се заштити интегритетот на геномот и да се избегнат мутации, тоа би било за време на бременоста, вели генетичарот Шон Морисон од Југозападниот медицински центар на Универзитетот во Тексас.

Овие вирусни елементи, често означени како „отпадна ДНК“, се чини дека играат адаптивна улога. Постојат стотици од овие ретротранспозонски секвенци во нашиот геном. Зошто тие не се трајно деактивирани, како што е случајот со некои други видови? Тие мора да имаат некоја адаптивна вредност за нас, објаснува Морисон.

Промена на начинот на кој размислувате

Студијата, која беше објавена во списанието Science, исто така ја истакна улогата на интерферон, сигнален протеин активиран од ретротранспонзони, што пак ја подобрува активноста на матичните клетки. Ова го менува начинот на кој размислуваме за механизмите кои ја регулираат регенерацијата на ткивата, додава Морисон.

Бидејќи ретротранспозоните сочинуваат околу 8 проценти од човечкиот геном, нивното реактивирање може да игра улога во различни регенеративни процеси. Нашиот следен чекор е да започнеме клиничко испитување за да го продлабочиме нашето разбирање за тоа како функционираат ретротранспозоните кај пациентите, заклучува Алпаслан Тасдоган, генетичар од германскиот универзитет во Дуизбург-Есен.

Извор: Science Alert

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button