РЕГИОН
Главчев: Сите во Бугарија имаат потреба од стабилна влада

Ги извршивме сите обврски кои ни беа зададени за изборите да бидат фер, изјави денеска (29 октомври) привремениот премиер на Бугарија Димитар Главчев пред новинарите.
Главчев посочи дека не може да процени какви се шансите да се формира редовна влада.
„Не можам да зборувам за шансите, не сум ниту социолог, ниту политолог. Не можам да предвидам какви ќе бидат процесите, но сè уште се надевам дека ќе се формира редовна и стабилна влада. Сите имаат потреба од тоа“, рече техничкиот премиер.